вторник, мај 05, 2009

Говедаров камен, Овче Поле

Среде рамното Овче Поле, во атарот на селото Пеширово, на одалеченост на одалеченост од 7 км од магистралниот пат Свети Николе-Штип, на левата страна на селото Ерџелија , се наоѓа огромен камен помеѓу народот попознат како Говедаров Камен-,,симбол на женска радост.Говедаров камен со својата исшелувачка моќ на кралевите и раѓал децам а Самиловите војници овде лекувале рани.
Верувањата во моќта на ова возвижение на блага падина на неколку метри надморска висоќина во рамното ко тепсија Овче Поле, неговата чудотворност те тера да веруваш буквално во чудо.Специјалноста на каменот е верувањето помеѓу народот дека овој камен има моќ да ја лекува неплодноста кај жените, ова верување за ваквата моќ на каменот се темели на една леѓенда:
Многу одамна некој цар имал само ќерки. Затоа кога царицата останала пак бремена, тој ,пред да замине во војна, и се заканил дека до колку пак му роди женско дете да не го чека. Царицата родила машко дете, но нејзините дворјанки , во големиот страв го замениле детето мислејки дека пак ќе биде женско, со едно циганско машко дете. Кога се вратил царот ја слушнал саканата вест : Царицата му родила син.Годините минувале. Несудениот царски син растел и се повеќе ги покажувал особините на својот цигански род : си играл со децата дека е циган и ги терал да лајат по него, да му ги кинат алиштата, имитирал како проси.Напоредно вистинскиот царски син, како цигански посинок, ги чувал селските говеда. Меѓутоа и тој ги покажувал сите знаци на своето потекло. Ги чувал говедата околу овој камен и се замислувал дека тие се војска, а тој од Каменот командува како вистински цар.На царот му станало сомнително однесувањето на лажниот син. Затоа еднаш заканувајќи се со најлошото ги натерал дворјанките да ја кажат вистината. Кога ја дознал вистината веднаш со својата придружба пошол да го бара вистинскиот син.Царот го нашол својот син седнат на каменот. Сакајќи да провери дали навистина говедарчето што седи на каменот е неговиот син, го прашал, колку вреди тој како цар, облечен во златни алишта и со сета своја придружба.Говедарчето го погледнало и му рекло:"Што е твоето богатство во однос на еден убав априлски дожд врз ова поле".Тогаш царот сватил дека тоа е неговиот син и прегрнувајки го, благословил сите оние што немаат деца да доаѓаат овде и да си најдат лек за својата мака.1.
За Ѓурговден 5-6 мај на Говедаров Камен сокоја година догаат многу луѓе од земјава и странство од сите религии, најмногу невести, за да побаар лек за својата мака.
На овој празник секој жена што нема деца доѓа кај каменот, и бара кум, кој и помага да го изведат тредиционалниот ритуал.Кумот на каменот и објаснува на невестата и момчето како да го сплетат коланот.Малдите парови со црвена и бела волница трипати ја обиколуваат карпата, потоа невестата се качува на карпата, за да се измие од водата, потоа кумот и невестата застанати едни спротив друг помеѓу водичата, до плетат коланот во плетенка, и колот трпати со коланот го прфрлува трипати кон идната мајка и потоа кумот и го врзува коланон на половината на неветсата.Белата е симбол за ново кај древните македонци, црвената за плодност.Тоа е начинот на кои древните Македонци ја прославувале пролета, и ден денеска гордите Македонци, го слават овој древен празник, наследен од древните Македонци, плетат бело црвени панделки по познати по нардот како мартински.Жената го носи појасот до нареднта година, и нареднат година кога ке се роди новата рожба, доага на каменот со детето, носејки подароци.
И годината, и наредната година кога ке се роди новата рожба, доѓаат на каменот, со детето, носејки подароци најчесто јагне, машко или женско во зависност каво е детето, но тоа не е правило.Новата мајка само го избира подарокот.На ова свето возвишени од бога доаѓаат многу луѓе, зради здравие среѓа и успех во животот.На овој голем празник, овој голем празник има чудотворна моќ, секој си замислува желба и се обидува да откорне парче од каменот, ако успее ќе му се оствари посакуваната желба.Го гледаш ова чудо пед тебе и неможеш да поверуваш како овој камен за некој е мек и ја подарува својата својта чудотворна душа и многу лесно откорнуваш дел од неговото чудвотворно тело, а за некој колку и да се обидува неможе да жеме ни тронка каменче, од ова свето здние, срмажливо криејки ја чудитворноста за наредните поколенија.Ако откоренш дел од каменот другата година имаш обврска да го вратиш, а желбата беж никаков сомнеж ќе ти биде остварена.
Кога ќе се запршаш жителите на соседните села, дали биле сведоци на некое шудотворно излекување.Тоа за нив преставува најдрагоценото прашање.Па на долго и шроко ќе ти раскажуваат за чудата на кои сами биле сведоци.
-Сме биле живи сведоци на многу стотиции, мајки кои неможеле да имаат деца, кои современата медицина ги прогласувала за безнадежни случаеви, се варакале другата година со нова рожба и среќни лица-раскажуваат жителите на Анзибегово, Пеширово, Ерџелија кои секоја година традицонално догаат да го прослават празникот.
-Оваа е свето поле, ова е света земја-овде се догале врвни американски доктори, гиниколози па се до луге што не веруваат во светоста на ова место-жи гелаат шудата кои ги приредува само ова камено возвишение сред преубавото памно поле, а немоаж да поверуваат, се обидуваат да ја објаснат моќноста но никоѓаш никогаш не успеале, па ќе режат, напредната мидицина има уште многу да се развива и да учи.
-Раскажува дедо Зико кој континуирано на ова место 50 години, и жив сведок на многу чуда кој ќе рече,,Да ѓи раскажувам се што сум видел, ќе ми треба најмалку три дена, никој ама баш никој неможе да ја објасни чудотворната мистерија на ова место, ова свето поле, ова света македонска земја.
Уште многу одамна овој камен бил нарешен Говедаров.На него се кашувале говедарите за да видат дали пасат, говедат стдата овци, по униканите солени овчеполски пасижта кои се уникатни во светот со ваквата структура.
Говедаров камен останува над времињата и просторот, за со неговата чудесна моќ, да и помага на многу луѓе-кое неможе да се објасни, туку гордо те тера да веруваш дека постојат буквално чуда.
Ранетите самилови војници биле праќани во полето на овците, за да го барат единствениот говедаров камен.само иловите војници се замивале од водишката која извирала од малиот избор до големиот камен.Бил вчудовидени од неговата лековитост, раните за мик биле залечувани.
посететго ова уште едно свето здание на оваа света земја
текстот е автроско право

Нема коментари: